Она што беше „јавна тајна“ , се чини, излегува и официјално на видело:



708 компании земале над 385.000 евра од државата за исплата на 14.500 денари за работниците за април и мај, но на 1,709  вработени не исплатиле ниту денар. 120 одо овие компанииземале и за април и за мај, но не ги префрлиле на работниците.

Други пак 3.746 компании на 52.465 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку.

„За месец април на 19.780 работодавачи им се исплатени вкупно 1.793.207.603 денари за вкупно 128.315 вработени. Вкупно 281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за месец април, во износ од 9.995.565 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени“, изјави денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, презентирајќи ги ефектите од владината мерка за поддршка на компаниите и на вработените.

Како што прецизира Лукаревска, овие работодавачи се од следните сектори: од дејноста трговија на мало се 62 фирми кои примиле финансиска помош од 1.715.262 денари и на 126 вработени не исплатиле плата за април. Од дејноста подготовка на оброци и служење на храна, 43 фирми примиле помош 1.249.452 денари и на 955 вработени не исплатиле плата за април. Од дејноста транспорт 24 фирми примиле помош од 630.750 денари и на 44 вработени не исплатиле плата за април. Од дејноста градежништво 17 фирми примиле помош од 660 738 денари и не им исплатиле плата за април на 48 вработени. Тука влегуваат и дејностите производство на облека, трговци на мало и големо, емитување на програма, објекти за сместување, и слично.

Најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје (84 фирми), од Тетово 38, Струга 20, Гостивар 23 и Куманово 16, рече Лукаревска. Извор: Независен