Фирмата што го чисти снегот Скопјани ги чини над 1 милион евра

Чистењето на скопските поголеми сообраќајници од снежните наноси Скопјани ги чини најмалку 1 милион евра за последниве 14 месеци во кои сериозни количини снег има само денеска.



Според договорот што го објави Радио Лидер градот Скопје односно градоначалникот Шилегов плаќа над 1 милион евра за чистење на снегот и тоа само за првите 40 часа од работата на ангажираната фирма.

Според договорот фирмата ги добива парите и доколку не заврне снег како што тоа се случи лани што значи дека досега само за последниве 24 часа градот односно граѓаните преку давачките кон градот ќе платат над 1 милион евра.

Колку добро најмената фирма го исполнува својот дел од договорот и ги чисти улиците е посебна тема за која оценка ќе дадат граѓаните.

Повеќе детали за договорот на овој ЛИНК

Поврзана вест

Забрането за млади возачи

Аеродром ноќва како лизгалиште, ги нема Марин и Шилегов (ВИДЕО)