Фирмата „Тхор индустриес“ на внукот на Али Ахмеди, Дрин, има скромни финансиски резултати во нецели три години постоење, дознава „360 степени“.



Лани, во 2022 година, компанијата имала вкупни приходи од околу 370 000 евра и нето-профит од околу 60 000 евра, покажуваат податоците кои уиспеа да ги обезбеди 360 степени.

Внукот на Али Ахмети нема да плати „ни 1 евро“ за 39% од „Соравија“

Претходната 2021 година, „Тхор“ има „нула“ приходи, а околу 70 000 евра расходи.

Во годината на основањето, 2020-та, пак, нема ниту приходи ниту расходи.

Како што објасни на вчерашната седница, Дрин Ахмети, вели дека за зделката со преземањето на „Соравија“ решетителен момент тоа што е добар претприемач

Овие бројки, секако, не се незначителни, но се минорни кога ќе се спомене преземање на компанија со, како што велат инвеститорите, 20 милиони евра долгови.

„Тхор индустрис“ на Дрин Ахмеди, нема да даде ниту едно евро за бизнис центарот Соравија“ но затоа ќе добие удел од 39 отсто.

Дрин Ахмеди е сопственик и во други фирми:„Еверест ЏД“, „Потам-плант“ (преку Еверст ЏД), Хелиос плант“…