Компанијата Гранит“ која на фирмата чиј сопственик е бизнисменот чие скапо Ауди го вози вицепремиерот Артан Груби ќе ја гради и тетовската обиколница.
На тендерот била „заобиколена“ аукцијатамкоја што е законски предвидена за вакви набавки, јавува неделникот Фокус.
,,ЈП за државни патишта склучило договор вреден над 12 милиони евра за изградба на првата фаза од обиколницата на Тетово со АД „Гранит“, која ја гради и автопатската делница кон Блаце, чија цена, како пишуваше „Фокус“, скокна од 14 на 28 милиони евра, а непосредно пред да го добие вториот тендер за комплетирање на трасата од 2 километри го продала хотелот на Попова Шапка на фирма што го поседувала опожареното возило управувано од Груби”, пишува Фокус.
Директорот на ЈП за државни патишта е кадар на ДУИ односно човек на Артан Груби и Али Ахмети.
Сите детали на Фокус





