Една од најбрзорастечките и до скоро најголеми компании во Битола – „СВ-Инвест“, е во стечај. На последното стечајно рочиште беше обелоденето дека фирмата на Стојан Чифлигаровски должи над 25 милиони евра, иако до преклани прикажуваше профити од 2,5 милиони евра. На местото на оваа фирма која опозицијата ја врзуваше во власта, сега доаѓа нова компанија, „Новоматрикс“. Но, според истражувањето на „360 степени“, таа компанија има редица врски со фирмата што оди во стечај а се поврзува и со Вице, братот на премиерот Заев.
Ретко кој имаше слушнато за битолската компанија „СВ-Инвест“ кога во април 2018 година опозицијата обвини дека таа е параван за бизнис-интереси на семејството на премиерот.
„Камиони од струмичката компанија, во сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со налепници на битолската компанија СВ-Инвест, се ангажирани за превоз на јаглен во РЕК Битола“, извести ТВ Сител на крајот на април 2018 година.
„Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е СВ-Инвест туку компанијата ДГ и Тотал Инженеринг Струмица каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев“, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во видео обраќање до јавноста.
Ваквите обвинувања добија демант од посочените по што приказната тогаш се стиша.
Но, набрзо потоа, „СВ-Инвест“ почна да добива тендери во РЕК Битола, иако не за транспорт на јаглен, пишува 360 Степени.
Според официјално објавените информации од обвинителството Чифлигароски досега не бил дел од ниту една истрага.
Засега нема потврда ниту на неофицијални информации дека сопственикот на фирмата Чифлигаривски поради страв од моќни фигури во македонскиот бизнис и политика заминал надвор од Македонија.
Повеќе детали на овој ЛИНК






