Фирма на Мијалков добила тендер од над 100.000 евра

„Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисис, која се поврзува со поранешниот шеф на тајната полиција за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, доби тендер од Археолошкиот музеј во износ од 7 милиони денари“, дознава 1ТВ.



СГС, на крајот на минатата година, склучил договор со Археолошкиот музеј за обезбедување на имот во период од една година.