Фирма блиска на ДУИ продавала токсичен енергенс кој може да предизвика канцер

Компанијата РКЕ каде еден од сопствениците е близок на газдите на Пуцко Петрол кои се
блиски на ДУИ увезувала токсичен отпад кој може да предизвика тешки болести, јавува Телма.



Телевизијата дознава дека со фалсификувани фактури се транспортирало и горело отпадно масло високоризично по здравјето на граѓаните а маслото го увезувала фирмата РКМ каде сопственик е Ерџан Сулковски кој пред да стане газда бил возач на Исмаил Јахоски, пратеник на ДУИ и неформален газда на Пуцко Петрол кој сега ја води неговиот син.

Финансиската полиција, според Телма, води истрага за транспортот на отпадно масло кое било произведувано во „САНС АГ“, погон во штипско, а транспортирано и продавано низ Македонија од фирмата РКМ. Станува збор за течен отпад кој се правел со горење на гуми и друг отпад, а за кој државниот инспекторат за животна средина утврди дека е канцероген и ризичен по здравје.

Телма дознава дека биле откриени фалсификувани фактури на кои како предмет на продажба стои „тешко масло за ложење мазут М1“ иако такво течно гориво не постои во македонската регулатива. Извршивме и увид во такви фактури на кои стои дека САНС АГ продава производ на компанијата РКМ на Ратко Капушевски.

На една од фактурите до кои дојде Телма е напишано само тешко масло за ложење, додека на другата фактура има дополнување и е додаден и зборот мазут. Според информациите на Телма, цистерните биле префрлени во Фени. Од финансиската полиција потврдуваат дека имаат истрага за случајот по медиумските објави, но не откриваат детали за истрагата.

Случајот бил откриен лани напролет кога повеќе војници на АРМ сместени на полигонот Криволак се пожалиле на здравствени проблеми и тешкотии со дишење по што Министерството за одбрана алармирало, а Инспекторатот за животна средина утврдил прекршување на прописите за заштита на човечкото здравје и на животната средина.

„Стравувањето е дека и војниците, но и жителите на околните села околу САНС АГ дишеле канцероген воздух, бидејќи според инспекторите инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно“, одговори за КОД во мај директорот на инспекторатот Сретен Стојковски.

Досега е утврдено дека го купувал РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, а таа компанија во текот на грејната сезона беше главен снабдувач на ЕСМ со мазут за ТЕЦ Неготино.

Потоа опасниот продукт од незаконски погон бил користен како енергенс во печки по Македонија.

Целата сторија на Телма на овој ЛИНК

Преходно беше објавено дека фирмата Пуцко Петрол на тајкунот од ДУИ сопственички е поврзан со 3 од 5 најголеми енергетски компании во земјава и е добитник на стотици милиони евра во тендери од државни и локални институции.

Тајкун на ДУИ поврзан со 3 од 5 најбогати македонски нафтени компании