„…Да не се занесуваме дека Германија и Франција ќе се убедат итно да гласаат за датум за преговори, само затоа што Заев ги плаши дека „можното одлагање на одлуката од страна на ЕУ ќе ја стави во опасност владата и може да ги врати националистичките сили на власт“ ја анализира новинарот Бранко Героски посетата на премиерот Заев во Брисел каде ја образложувал врската меѓу датумот за преговори со ЕУ и опстанокот на негиовата влада.



„Со вакви лигави аргументи, како што јави дописничката на МИА од Брисел. нашиот премиер брифирал избрана група новинари од странските медиуми во врска со гласањето во германскиот парламент. Не знам дали некој од странските колеги бил импресионирам и ја лапнал приказната на македонскиот премиер, но знам сигурно дека на членките на ЕУ нема да им се допадне начинот на кој Заев и неговиот албански пријател Еди Рама го користат најлошиот можен метод за убедување – заплашување со нестабилност, во секоја од земјите поединечно, но и регионално.

Тоа не е добар пристап. Таа финта отсекогаш тешко се продавала. Другарот Заев треба да научи (или некој да му објасни) дека така веќе не се игра ни во струмички потсојуз, а камоли во Бундес лигата“, пишува Героски во колумна за „Плусинфо“.