Финта на Заев или грешка на Јовески и Рускоска – ОЈО нема надлежност во случајот “Рекет”

Судијата Владимир Панчевски во пост со наслов “ПРАВО ПО МАКЕДОНСКИ” објаснува дека Јавниот Обвинител Јовески и обвинителката Рускоска не смеат да водат случаи кои произлегуваат од “бомбите” како што е “Рекет” со Боки 13 затоа што надлежноста за прислушуваните разговори ја има само СЈО.



“Чекај, чекај ако предметов “рекет” е поврзан и во врска со прислушуваните разговори, а неспорно е поврзан, па ОЈО и Јовески немаат надлежност над него да водат постапка спротивно на закон со исклучива надлежност на СЈО, а донесен по вољата на четирите политички партии…

Ајдееее… и сеа пак од почеток…

Калајџиев?
Лажетиќ?
Камбовски?
Ману?
Уставен?
Совет на обвинители?
Експертутки од малите екрани? Ениван???
ПРАВНА СИГУРНОСТ, ГАРАНЦИИ ЈОК! НАДЛЕЖНОСТ НЕ Е МАЛА РАБОТА!

Еа сеа освен ако ОЈО не презема на мала врата или сакаат да ја зафркнат опозицијата и оштетените или пак некоја итроштина на Заев, во секој случај манливо, ќе имаа можеби основ ако ја уапсеа Катица па нема кој друг да постапува ама вака Јовевски и Вилма го потонаа обвинителството ќе мора во обвинителството да има многу оставки!”, пишува Панчевски за грешката или планираното извртување на законот од страна на ОЈО.