Финска успеа да дојде до победа против Данска среде Копенхаген во првото коло на Европското првенство.
Финците славеа со 1:0, иако можеше да биде и поинаку.
Финците поведоа во 59-тата минута со одличниот гол со глава на Јоел Похјанпало по асистенција на Јере Уронен. Похјанпало поради случувањата денеска одлучи да не го прослави голот.
Данска можеше да израмни меѓутоа во 74-тата минута Пјер Емил Хојберг промаши пенал.





