Околу 24 лица, од кои повеќето деца, се повредени денеска кога привремен пешачки мост се урна во финскиот град Еспо, во близина на главниот град Хелсинки, соопшти спасувачката служба,јави Ројтерс
Повредите не се опасни по живот, се вели во соопштението на Хелсиншката болница.
Децата биле дел од група ученици од осмо одделение кои се враќале од екскурзија, објави финскиот весник „Хелсингинг саномат“.







