Финскиот парламент денеска гласаше за влез на земјата во НАТО.
За влез во Алијансата гласаа 188 од 200 пратеници.
Со ова Хелсинки стави крај на повеќедецениската политика на неутралност во која Финска имаше пријателски политички и економски односи и со западниот и со источниот блок за време на Студената војна.






