Финска нема намера да распореди нуклеарно оружје на своја територија дури и по влезот во НАТО. Ова го изјави претседателот на земјата Саули Ниинисто, цитиран од финската јавна телевизија Yle.
Нема знаци дека на Финска ќе ѝ биде понудено да прифати нуклеарно оружје, рече тој.
Досега 28 од 30-те земји членки на Алијансата – освен Турција и Унгарија – го поддржуваат приемот на Хелсинки и постапката ќе биде финализирана „во разумен рок на временска рамка“.
Одржувањето дијалог со Москва е „достојна цел“ да се запрат „убиствата“ во Источна Европа, нагласи Ниинисто.
Минатата недела новиот шведски премиер не ја отфрли можноста за распоредување нуклеарно оружје на територијата на земјата откако таа ќе стане членка на НАТО.







