Изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека Загреб треба а го блокира финското и шведското членство во НАТО нема да ги променат „секогаш добрите“ односи меѓу Хрватска и Финска, изјави финскиот амбасадор во Хрватска, Кале Канкаанпаа.
Вчера Милановиќ побара хрватскиот парламент да „не смее да ратификува ничиј пристап кон НАТО“ додека не се смени изборниот закон во БиХ и дека влезот на Финска и Шведска во алијансата ги смета за „многу опасна авантура“.
Амбасадоротна Финска рече дека неговиот министер за надворешни работи „имал добар разговор“ со хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман во вторникот и дека бил во контакт со претставници на владата и парламентот.
Тој посочи дека во Финска се води „активна“ дебата за членството во НАТО и дека конечната одлука може да биде донесена во мај.







