Финска не сака во НАТО

Финска не планира да влезе во НАТО, изјави министерот за надворешни работи на таа земја Пека Хависто.



Изјавата доаѓаво време на зголемени безбедносни тензии меѓу нејзините соседи Русија и Украина.

„Финска не разговара за влез во НАТО и нема таков план во иднина… Безбедносната политика на Финска останува непроменета“, изјави Хависто за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Франција, објави Ројтерс на својата веб-страница.

Во четвртокот, американскиот државен секретар Антони Блинкен во едно интервју навести дека Финска сака да се приклучи на НАТО, откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите во средата дека Русија ќе го смета приклучувањето на Финска во НАТО како „инструмент за конфронтација“.

Финска, која дели тешка историја со Русија по судирот за време на Втората светска војна, долго време ја одржува вратата на НАТО отворена, велејќи дека има право да аплицира за членство ако така сака.