Финска не сака НАТО да има нуклеарно оружје или да формира воени бази на нејзина територија, дури и ако земјата стане членка на Алијансата, изјави финската премиерка Сана Марин, цитирана од Ројтерс.
Вчера Финска и Шведска официјално поднесоа барање за членство во НАТО, одлука што беше поттикната од руската инвазија на Украина.
Марин нагласи дека прашањето за распоредување на нуклеарно оружје од страна на НАТО или за воспоставување бази на НАТО во Финска не е дел од преговорите за членство на Хелсинки со воената алијанса. Според неа, таков интерес нема.
Од своја страна, премиерката на соседна Шведска, Магдалена Андерсон, исто така рече дека нејзината земја не сака постојани бази на НАТО или нуклеарно оружје на нејзина територија.
Двете земји инаку соочија со приговори од Турција против пристапниот процес, кој првично се очекуваше да биде релативно брз.







