Финска ја одби Турција – нема да екстрадира „ѓуленисти“

Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лица кои Анкара ги смета за поврзани со терористички организации.



„Финска не се согласи да и испорача на Турција луѓе кои, според Турција, биле поврзани со движењето Ѓулен или со курдската организација ПКК, кои тие ги сметаат за терористи“, пишува Укринформ.

До почетокот на јуни оваа година, Финска доби десет барања за екстрадиција од Турција.

Анкара се закани дека ќе го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО затоа што смета дека ги поддржува и дава засолниште на луѓето што ги бара Турција.