„Топло ги поздравувам апликациите на Финска и Шведска за влез во НАТО“, изјави Јенс Столтенберг, генералниот секретар на организацијата, по добиените официјални барања од амбасадорите на Финска и Шведска во Финска, Клаус Корхонен и Аксел Вернхоф.
Столтенберг го опиша потегот како „историски чекор“ и нагласи дека Шведска и Финска се „најблиските партнери на НАТО“ и дека нивното членство „ќе ја зголеми нашата заедничка безбедност“.
Столтенберг потврди дека НАТО веќе ја зголемил својата будност во регионот на Балтичкото Море и дека неговите сили „ќе продолжат да се прилагодуваат доколку е потребно“.
Овој потег доаѓа и покрај стравувањата на Русија дека проширувањето на НАТО ќе има дестабилизирачки безбедносни импликации за Европа.
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави дека Москва „нема проблем“ со Шведска или Финска, но дека „проширувањето на воената инфраструктура на таа територија секако ќе предизвика наш одговор“.







