Финска деновиве влегува во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Финска ќе и се приклучи на Алијансата во рок од неколку дена



По „зеленото светло“ од Турција, Финска веќе наредните денови ќе влезе во НАТО, изјави ген-секот на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа Протоколот за пристапување. Финска формално ќе се приклучи на нашиот сојуз во наредните денови“, рече Столтенберг.

Турскиот парламент вчера ја одобри кандидатурата на Финска и беше последниот од 30-те парламенти членки на НАТО што го одобри членството на Финска во Алијансата.

Финска и Шведска на 18 мај минатата година до генералниот секретар на НАТО поднесоа барања за влез во Алијансата. 

Турција се уште се противи на членството на Шведска…