Финците се поделени околу постојаните бази на НАТО и улогата на нивната земја во алијансата, но огромно мнозинство се за идното членство, покажа истражувањето објавено од МТВ3 во понеделникот.



Околу 48 отсто рекле дека се против поставување на постојани бази и трупи на НАТО на финска територија, додека само 39 отсто рекле дека се за таква инфраструктура, а 13 отсто рекле дека не можат да формираат мислење, пртенесува Еуроактив.

Финска бара членство во НАТО, но сепак треба одобрение од сегашните членки Турција и Унгарија.

Нордиската земја има 1.340 километри граница со Русија.

Според истражувањето, 49% од испитаниците сметаат дека Финска треба поактивно да учествува во меѓународните воени операции на алијансата, како и во одбранбените активности на Финска.

Околу 42% го поддржуваат учеството на Финска во НАТО само на начини директно поврзани со националната одбрана на земјата.

Истражувањето покажа и дека речиси 40% од Финците поддржуваат некаква интервенција на НАТО во Украина.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во мај 2022 година. Така, тие ја напуштија децениската неутралност.