Новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, потврди за Плусинфо дека обвинители и припадници на Финансиската полиција од вчера биле влезени во Јавното претпријатие.



„Да, обвинителите беа тука, имавме состанок, тоа беше првично, но ништо конкретно не е преземено…“ најверојано по допрен глас, зашто во медиумите тоа се објавуваше. Беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје, вели Марјанчо Митовски за порталот.

Проектот за пречистителната станица е вреден 136 милиони евра поради кој, неофицијално, беше разрешен директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Тендерот си тече и не е ни спречен. Во тек е евалуација и тука не се мешаме. Јас како директор не влијаам дали тендерот ќе продолжи да се евалуира, а сега се евалуира, не е прекината постапката. Само беа луѓето од Министерство за внатрешни работи за да добијат информации, постапката не е прекината, а тие понатаму ќе прават анализи и стратегија, како и што ќе се постапува, и не е ништо прекинато“, рече Митовски како што објави Плусинфо.