Финансиската полиција претпладнево влезе во зградата на општина Тетово. Алсат дознава дека Финансиската полиција таргетира неколку случаи поврзани со времето кога општината ја водеше Сади Беџети. Беџети беше градоначалник на Тетово во периодот од 2009 до 2013 година, како кадар на ДПА.
Актуелниот градоначалник вели дека надлежните немале време да ги процесираат случаите додека Теута Арифи била градоначалник туку тоа го прават сега што, според него, е политички притисок
„Денеска, пред да дојдам овде, ме посети Финансиската полиција под изговор за некои случаи на поранешниот градоначалник Сади Беџети, од пред неколку години. Немаа време да ги процесуираат овие случаи додека Теута Арифи беше градоначалничка, но доаѓаат сега кога Билал Касами е градоначалник на Тетово. Со сите останати проблеми што ми ги оставија во наследството, денеска ме посетува и Финансиската полиција и оценувам дека се работи за политички притисок“, изјави Касами.
На изборите во 2013 тој ја изгуби битката од Теута Арифи од ДУИ, која остана градоначалничка во два мандати односно до октомври годинава. И на последните локални избори Беџети беше кандидат. Освои 3 840 гласови, но тие не беа доволни да влезе во вториот круг.






