Финансиерот на бугарските клубови со фашистички имиња се среќавал со Пендаровски и Заев

Финансиерот на бугарските клубови открива дека лани имал средба со претседателот Пендаровски а не крие ниту дека во 2017 година имал пријателска средба со Заев.



Милен Врабевски, бугарскиот бизнисмен кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид, освен што имал средби со повеќе наши јавни функционери, открива дека минатата година се сретнал и со претседателот Стево Пендаровски.

Во интервју кое го објави Трибина.мк тој зборува за неговата Фондација ,,Бугарска меморија”, за многуте награди кои ги добил поради своите залагања за градење економски мостови, поддршка за кариерен развој на млади луѓе, образовни иницијативи и друго. Потсетува и на низа на донации кои ги остварил во нашата земја, а слични активности имал и во Украина, Молдавија, Србија и Албанија, пренесува Фокус.

,,Нема ништо чудно во тоа што филантропи како мене се во постојана комуникација со политичарите. Минатата година имав и лична средба со претседателот Пендаровски, со предлог од моја страна да се формира граѓанска иницијатива во РМ за стабилна позиција за евроатлантската ориентација на Македонија и надминување на спорот со Република Бугарија”, вели Врабевски во интервјуто.

Повеќе детали на овој ЛИНК