Филипче: Во земјава недостигаат 600 доктори

Според анализите на Министерство за здравство, во земјава недостигаат околу 600 доктори, соопшти денеска министерот Венко Филипче.



Тој објасни дека, и покрај тоа што минатата година биле вработени 3.200 лекари и медицински сестри, во здравствените установи сè уште се чувствува недостиг од медицински кадар.