Филипини: Куршум за секој што не сака во карантин

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте гсе закани на граѓаните дека полицијата и војската ќе добијат наредба да го убијат секој оној што создава проблеми за време на карантинот што е превентивна мерка за да се запре ширењето на коронавирусот, пренесува „Телеграф“.



„Ова предупредување важи за сите – слушајте ја владата, сега најважно е да има ред во земјата“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата, што се емитуваше на телевизија, јавија светските медиуми.

Во оваа земја се пријавени 2.311 случаи на зараза, починаа речиси 100 луѓе и според медиумите, граѓаните се собираат и не ја почитуваат наметнатата забрана за движење затоа што се гладни. Оние што протестираат во Филипините велат дека тоа е затоа што немаат работа, пари, немаат што да јадат, а државата не им обезбедува основни намирници за да можат да преживеат.

Дутерте е познат по своите несекојдневни „мерки“ кон криминалците, наркоманите корумпираните