Филипче: Засега нема рестрикции, но наесен…

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не се во план рестрикции поради коронавирусот ниту на границите, ниту во државата, во рамки на организирање на настани со масовно присуство но тоа не е исклучено дека може да се случи наесен.



„Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи до септември. Ги пратиме искуствата во другите земји. Секаде во светот има дебата што и како треба да се прави. Размислувањата одат во правец на тоа дали треба рестрикција во однос на граѓаните што не се вакцинирани, некои земји воведуват брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме, сè уште не сме донеле одлука, меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки“, кажа Филипче.