Министерот за здравство Венко Филипче, ја потврди информацијата на вицепремиерот Бујар Османи дека се планира скратување на полицискиот час и тој секој ден да почнува 19 се до 05 часот наредниот.



За возрасните над 65 години наместо како досега од 10 до 12 часот ќе биде дозволено да се движат од 08 до 12 часот.

Ќе се намали и забраната за движење на лица под 18 години.

За време на викенд полицискиот час да почне од сабота од 13 до понеделник до 05 часот.