Филипче за пандемијата: Во септември почнува нов бран!?

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција „соопшти“ дека септември ќе биде почеток на нов бран на пандемијата со коронавирусот.



Тој се повика и на податоци од други земји.

„Главна причина се должи на непочитување на мерките на семејни собири, дружења и средби“, рече Филипче за епидемиолошката ситуација во земјата.

Министерот соопшти дека се размислува за воведување нови мерки, но не и карантини.

Меѓу мерките што се разгледувале биле носење маски и на отворено, ограничување бројот на лица на маси во угостителски објекти, забрана за семејни веселби во затворено, прецизни протоколи за работа на угостителските објекти и на јавниот превоз.