„Пред нас е најтешниот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана.
Мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас“, порача на денешната прес конференција Венко Филипче.
Министерот за здравство рече дека панедмијата во светот не стивнува, а и во Македонија бројката постојано расте.
„Добро е што бројот на случаи се зголемува линиреано, односно секој ден имаме приближно ист број на случаи, со кој здравствениот систем може да се справи.
Влегуваме во вториот месец од бобрата, која целосно ни ги промени животите“, речќе министерот.




