Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе присуствува на седница на бугарската влада на која, како што соопштија од министерството за здравство, ќе побара Македонија да добие дел од првата пратка вакцини против ковид-19 што ќе ја добие Бугарија.



„Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција“, велат од Министерството за здравство.

Како што соопштија од МЗ, посетата на Филипче во Софија е на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов.