Филипче: Забранета посета на гробишта (ВО ЖИВО)

Министерот за здравство Венко Филипче, потврди дека Владата ги прифатиле препораките од Комисијата за заразни болести.



„Има многу локации каде што брзо се шири вирусот, поради непочитување на мерките, групирање, неносење маски, непочитување на мерките при превоз на работници.

Поради тоа Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикции на движење.

„Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце“, потврди министерот.

Тој рече дека во овој период, кога паѓа и православниот празник Духовден, ќе биде забранета посетата на гробиштата.

„Петок е неработен ден за сите граѓани. Се забранува посета на гробишта во овој период , освен за погреби“, рече Филипче.