Филипче вели ковид-мерки за влез во државата ќе има, но не и од кога…

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче, пренесе Фокус.



Лекари предупредуваат дека мерката е веќе задоцнета…

Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат PCR тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен PCR тест.