Министерот за здравство Венко Филипче вчера објави дека новогодишните празници ќе ги мине во кругот на семејството.
Новогодишните празници ќе ги поминам во кругот на семејството за да бидам пример за граѓаните. Да ги почитуваме мерките, тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати. #ПразнувајОдговорно pic.twitter.com/7b9x2xnG6c
— Венко Филипче (@VFilipche) December 30, 2020
Вечерва според сликите што интензивно ги објавува на социјалните мрежи и за кои е јасно дека треба да му донесат политички поени како хуман и одговорен политичар, сепак не е со своето семејство како што јавно најави.
Вечерва тој според објавените фотографии кои масовно ги реобјавуваат провладините медиуми учествуваше во оперативен зафат на неговата матична клиника и не беше со неговото семејство за најважниот момент во годината.
Новогодишните празници ќе ги поминам во кругот на семејството за да бидам пример за граѓаните. Да ги почитуваме мерките, тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати. #ПразнувајОдговорно pic.twitter.com/7b9x2xnG6c
— Венко Филипче (@VFilipche) December 30, 2020
Со своето поведение во последните 24 часа Филипче само ја потврди тезата за него: Македонија делумно загуби одличен неврохирург а доби уште еден лош министер и политичар кој ни 24 часа не може да стои на зборот.
Најнова вест
Што мислите зошто се Македонците најнесреќни?
Македонска актерка од Британија би била горда да ја игра Клеопатра





