Филипче: Вакцинацијата почнува во февруари

Министерот за здравство денеска изјави дека вакцината е инструментот за спас од коронавирусот, а кај нас со имунизација започнуваме за еден месец.



„Според најавата првите количини и од фајзеровата вакцина треба да пристигнат во месец февруари и сега поинтензивно ги разгледуваме можностите за набавка на кинеската вакцина. Зошто? Свесни сме компаниите, Фајзер е прва која ги доби поѕтребните документи од регулаторните тела да биде во продажба, сепак не може да постигне да испорача бараните количини во сите земјите во светот“, истакна Венко Филипче.

Министерот вели дека „дефинитивно сите вакцини кои што се на пазарот се добри, проверени, развиени на безбедни платформи и нема потреба за сомнеж во ниту една вакцна, а ние остануваме отворени да ги разгледуваме буквално сите опции“, истакнува Венко Филипче.

Министерот вели дека целосно е подготвен системот за вакцинирање?

„Повикувањето ќе се одвива преку системот „Мој термин“. Во првата група се здравствените работници кои што работат со Ковид пациенти, понатаму вработените во лабораториите каде што се врши дијагностиката и најстарите граѓаните над 70 години кои се во ризична група согласно нивните хронични дијагнози“, додава Венко Филипче.