Филипче со „пофално слово“ за шефот Заев за донацијата во фондот за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче јавно му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за донирањето во фондот за борба со Ковид-19.



„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донираше во солидарниот фонд за справување со Ковид-19“, стои во „пофалницата“ од Филипче до Заев.