Филипче: Со маска секаде, дома најмногу четворица

Министерот за здравство на денешната прес конференција најави нови мерки кои ќе бидат предложени, а Владата се очекува да ги одобри.



Се предлага носење на маска насекаде, со некои исклучоци како што се деца до 6 години, при спортување и при возење во возило на една фамилија.

Ќе биде забрането групирање по домовите, зашто, според информациите, токму тука се случуваат најмногу од случаите за пренесување на заразата со ковид.

Министерот рече дека во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе.

На отворен простор, нема да смее да има групирања по 22 часот на повече од 4 лица.