Откако вчера рече дека Македонија има обезбедено доволно – 2,6 милиони – вакцини, и дека нема потреба од нарачка за вакцини „спутник ве“ кои ќе се произведуваат во Србија, министерот Венко Филипче денеска со нова изјава.
Тој најави дека во вторник со претставници од Министерството за здравство ќе одат во официјална посета на Белград каде ќе се сретнат со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ.
„…Во овој момент не ни се потребни вакцини, но гледаме како се одвива работата со пандемијата, има разни најави, не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба согласно тоа како ќе се одвива пандемијата“, рече меѓу другото Филипче.






