Во населбата Чаир, каде што има најголем број потврдени случаи, епидемиолозите, за жал, се уште се соочуваат со проблеми при обезбедување контакти и давање вистинити податоци, информира, на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.
„Се’ уште се евидентираат и прекршувања и непочитување на мерките за самоизолација, физичка дистанца и лична заштита. Контролите се засилени, а на сила е и Уредбата за државен карантин од 14 дена, на сопствен трошок, за оние што ќе ја прекршат самоизолацијата, за што решенија донесува МВР“ рече министерот.
Медиуми поредупредуваа дека токму во оваа скопска населба, меѓу другите, „лежењрно“ се однесуваат кон мерките од Владата за спречување на ширењето на епидмијата.






