Средбата на министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заштита од заразни болести заврши без конкретни уште помалку рестриктивни мерки.
По денешната бројка од 225 новозаразени и 6 починати, Филипче вели дека во следните денови ќе се следи какви ќе бидат бројките на нови случаи на Квид-19.
„Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле“, изјави министерот за Сител ТВ.
Филипче потенцира дека до викендот ќе знаат какви мерки и во која општина треба да воведат.





