Филипче: Пендаровски направи лапсус

Министерот за здравство, Венко Филипче, во Топ Тема, изјави дека претпоставува дека претседателот Стево Пендаровски веројатно лапсус, во изјавата дека дека во разговорите со „Фајзер“ било кажано дека тие не се интересираат за обезбедување вакцини на држави со помалку од 2 милиони жители.



Таков коментар, според министерот, нашите претставници добиле од компанијата „Модерна“.

Тој информираше дека во нашата земја треба да пристигнат околу 800 илјади дози преку системот Ковакс, истата количина од 800 000 треба да пристигне од Фајзер, од Кина се очекуваат 200 000 дози од вакцината на Синофарм, има најави за 200 000 вакцини од фондот на солидарност на ЕУ – односно вкупно над 2 милиони дози за нашите граѓани.

Според него, разговорите со „фдајзер“ течат и ги очекуваме деталите за доставувањето на вакцините.

ПОВЕЌЕ