Филипче овластен да соопшти: 13 починати, ама 6 починале лани од корона

Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19.



„Пријавени се вкупно 13 починати лица.

Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г).

Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.