Министерот за здравство Венко Филипче и на Фејсбук го сподели своето разочарување од тоа што негова колешка – директорката на Клиниката за кожни болести – не ги почитувала препораките за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата.
„… Затоа потенцирам секој кој што доаѓа од ризичен регион доколку на граница нема симптоми, и тоа е тој најризичен стадиум на болеста, во инкубација кога нема симптоми а веќе имало контакт со заболен кој што граѓанинот не може да го знае, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, на сите граѓани на нашата држава. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје заради тоа што тоа е нашиот најголем приоритет. Апелирам и до вас медиумите и во исто време сакам да изразам огромна благодарност за одличната соработка за повторување и пренесување на мерките за заштита и превенција“, напиша Филипче во подоглата објава на ФБ.





