Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот, објави денбеска на Фејсбук министерот за здрвство, Венко Филипче.
„Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот“, навести министерот.
Вчера министерот за економија Крешник Бектеши остави можност угостителските објекти веќе од задутре да работат до 23 часот, но рече дека тоа зависи од мислењето Комисијата за заразни болести.






