Министерот за здравство Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање дали смета дека е незаменлив, со оглед на тоа што премиерот Зоран Заев вели дека се потребни барем шест месеци за да се прилагоди негов наследник со одговор:
„Не, секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, таа е мој генерален став по однос на се“, одговори министерот.
На денешната прес конференција, тој не сакаше да одговара на прашања поврзани со трагедијата што се случи во Тетово додека тече истрагата.
„Дозволете ми да не коментирам бидејќи има истрага, јас ќе бидам на располагање по завршувањето на тој процес, истакна министерот.
Филипче поднесе оставка два дена по трагедијата во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 пациенти, но премиерот Зоран Заев најави дека за да ја прифати или не ќе зависи од резултатите од истрагата.







