Подготвени сме за поригорозни мерки ако се наметне потреба, но сѐ уште не се размислува за воведување од 14 дневен карантин на целата територија на државата.
Ова беше одговорот на министерот за здравство, Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање околу „информациите“ насоцијалните мрежи за можно воведување на 14 дневна рестрикција на цела територија на државата, пренесе Алсат М.
Филипче рече дека досегашните мерки се доволни, и дека пиковите на бројот на детектирани случаи секојдневно се пратат и се анализираат.





