Филипче: Нема да има невакцинирани во јавниот сектор

Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, соопшти Министерот за зравство Венко Филипче/



На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата.

Филипче вели дека оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците, како што кажа тој, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти.а

Невакцинираните на сопствен трошок ќе треба приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат“, соопшти министерот Филипче.

Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките денес предложени да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да граѓаните имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сеуште невакцинирани.

Министерот повика кон препораките се до овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.