Филипче не го менува директорот на тетовската болница, брат на министер од ДУИ

Министерот за здравство Филипче нема да го смена директорот на Тетовската болница Флорим Бесими во чија институција се утврдени огромни непочитување на здравствените процедури кои излегоа на површина по смртта на 14 луѓе во ковид центарот.



Иако и самиот Филипче признава дека во Ковид центарот имало роднини кои не смееле да бидат таму тој инсистира и за неговата и за одговорноста на директорот на ДУИ да се решава по завршување на истрагата.

Директор на Клиничката болница во Тетово е Флорин Бесими главен кадровик и шеф на Општинската организација на ДУИ за Тетово и брат на Министерот за Финансии Фатмир Бесими.

Одговорот е во видеото од овој поврзан текст

Филипче не знае дали чувствува морална одговорност за трагедијата (ВИДЕО)