Пациентот кај кого вчера беше регистриран новиот сој Омикрон, прв во Македонија, е во добра здравствена состојба, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за Канал 5.
Спореед министерот нема потреба ни од карантин за патниците кои биле во авионот со заразениот, бидејќи се почитувале протоколите.
Министерот за здравство вели дека во моментов нема ризик за влошување на епидемиолошката состојба, но дека сепак ќе се следи и ќе се постапува согласно со истата.
Тој смета дека во Македонија има сериозен процент на имунизирано население па согласно тоа нема потреба од дополнителни заострувања на мерките во пресрет на празниците.







