По информацијата дека секретар на болницата во Охрид, правник по професија, се вакцинирал преку ред, министерот за здравство Венко Филипче најави санкции:



Секој што ја злоупотребил својата позиција или контакт ќе биде соодветно санкциониран, изјави синоќа Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставки за пропустите при вакцинацијата. Од опозициската партија велат дека Филипче е единствениот виновен за злоупотребата на вакцинацијата.

„Доколку Филипче не може да се снајде со 4.000 вакцини, како ќе се снајде со 400.000 вакцини?! Одговорност веднаш! Оставка сега!“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.