Филипче најави целосно отворање на границите!?

“За време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела”, најави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ21.



Според него, со отворањето на границите во целиот регион карантинот ја губи смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

Алијаљнсата на Албанците на Зијадин Села вчера излезе со такво барање , а и министерот за економија, Крешник Бектеши.